Новиот Mercedes-Benz G350d со цена од 105.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Mercedes-Benz конечно ги објави и цените за најновиот модел од G класата G350d.

Како што е наведено почетната цена за овој луксузен германски SUV ќе изнесува 94,000 фунти во Велика Британија. За овој износ добивате дизелски мотор со 282 КС и 600 Nm кој до 100ка може да забрза за 7,4 секунди додека пак максималанта брзина изнесува 200 км/ч.

Тука се и најновите светла со последната LED технологија, електрично подесиви ретровизори, нови кожни седишта, 12.3 инчниот кокпит дисплеј и исто толку инчниот инфотенмент дисплеј. Овој модел доаѓа и со амбиентално осветлување достапно во 8 бои, систем за подесување на седиштата со меморирање на поддесувањата како и бројни системи за безбедност и асистенција при возењето.

Инаку G класата за прв пат во понудата е воведена во 1979 година. Последната генерација во понудата е воведа уште од мај изминатата година, а интересно е тоа што производството не го спроведува Mercedes-Benz туку австриската компанија Magna Steyr AG & Co KG која во минатото работела на производството и развојот на Audi TT, Fiat Bravo и Peugeot RCZ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK