Новиот Ford Explorer премиерно на 9 јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Детроит е првиот што во новата календарска година ќе биде местото каде авто производители ќе имаат можност да ги претстават своите новитети. Десетици производители веќе објавија дека на овој саем ќе претстават по некој новитет, а во оваа листа е и американскиот производител Ford.

Според официјално потврдени информации, на овој саем, поточно на 9. јануари својата светска саемска премиера ќе ја има шесттата генерација на Ford Explorer.

Новиот модел се базира на CD6 платформата, истата онаа на која се базира и новиот Lincoln Aviator. Достапен ќе биде и на погон на четирите тркала во комбинација со автоматски менувач. Под хаубата доаѓа со неколку видови мотори почнувајќи од 2.3 литарски, па се до 3.3 литарски V6 бензински мотор. Тука е и хибридната верзија која исто така ќе биде лансираната следната година.

Овој модел американскиот производител за прв пат во својата понуда го воведе во 1990 година. Од тогаш па се до денес беа лансирани пет генерации, а во сите овие години овој автомобил беше продаден во 7.216.214 примероци во САД што го прави еден од најпродаваните SUV возила на Ford во изминатите децении.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK