Новиот Chiron ќе чини 5,85 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Целосно новата варијанта на Bugatti Chiron се очекува да биде премиерно претставена на јавноста на авто настанот во Пибл следниот месец.

Во последните неколку месеци Bugatti на неколу пати објавуваше тизер фотографии од новиот модел, а во мај годинава на приватен настан во Лос Анџелес од претставници на компанијата беше потврден драстично новиот изглед на Chiron. Покрај Chiron новата верзија ја има додавката во називот Divo, а тука е и Chiron Sport изведбата која се карактеризира со бројни поголеми надградби.

Новиот Chiron Divo ќе располага со целосно нов менувач кој ќе овозможи значително поефикасно менување на брзините, а ќе придонесе и за подобри перформанси. Така до 100 км/ч, новиот Chiron ќе забрзува за само 2,5 секунди, а до 200 км/ч за помалку од 6,5 секунди. Максималната брзина која ќе ја достигнува изнесува 385 км/ч, а оваа изведба ќе биде и најлесната до сега.

Доколку планирате да бидете еден од 100те сопственици на овој модел тогаш ќе треба да издвоите 5,85 милиони американски долари, а производството е однапред ограничено на 100 единици.