Нероден Петко! Alpine размислува и за СУВ возило

ОБЈАВЕНО НА:

Renault реши да го возобнови брендот Alpine, и првиот модел што се очекува е Alpine A110. Но, иако истиот сѐ уште го нема во продажната мрежа од компанијата размислуваат и за СУВ модел. Според пишувањето на AutoExpress, извори од компанијата кои се добро запознаени со плановите велат дека СУВ моделот треба да биде претставен во 2019 година.

Истиот треба да биде важен за компанијата и да им донесе профит со кој може полесно да се размислува за производство на спортски возила. Проектот е во развој и треба да биде конкуренција на Porsche Macan и Alfa Romeo Stelvio. Alpine SUV ќе се нуди со погон на предните тркала, и со погон на сите четири.

Alpine СУВ ќе преземе доста дизајнерски детали од ревитализираниот модел А110. Засега единствен познат мотор што би се користел е 1.8 литарски бензински четирицилиндричен со турбо полнач што треба да развива околу 300 КС. Истиот мотор ќе го има и новиот Renault Megane RS.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK