Mercedes-AMG A35 доаѓа на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно ова е една од поважните години за Mercedes. Откако на почетокот на годинава ја претстави новата А класа, го најави GLE моделот како и електричниот ECQ, германскиот производител за саемот во Париз ја најави и AMG изведбата на серијата А.

Така, во пресрет на премиерата, шефот на AMG, Тобијас Моерс откри дополнителни детали околу спортската верзија на А класата. Според достапните информации, А35 е називот кој ќе ја носи оваа спортска изведба која доаѓа со 2.0 литарски мотор со турбо полнач како и EQ технологија.

Забрзувањето до 100 км/ч ќе трае околу 5 секунди, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 250 км/ч. Оваа изведба доаѓа и со т.н. AMG aero body kit, нов спортски издувен систем, подобри сопирачки како и целосно спортски ентериер.

Испораката започнува за не повеќе од два месеци по премиерата во Париз односно првите купувачи својот автомобил би требало да го очекуваат кон средината на декември. Саемот во Париз започнува на 4. октомври и ќе трае се до 14. октомври, а што се не очекува на овој саем прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK