McLaren има нов пакет за писта за својот суперавтомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кабриолет верзијата на суперавтомобилот МcLaren 570S веќе има и верзија за на писта, а истата има просто име Track Pack. Овој пакет е насочен за вљубениците на трките и ја намалува тежината на автомобилот со 33 килограми.

Цената на овој пакет изнесува 17.160 фунти, а намалувањето на тежината се постигнува со користењето на спортски седишта кои се изработени од јаглеродни нишки, како и од замената на елементи во ентериерот со полесни алтернативни материјали. Освен тоа системот на ауспухот исто така е максимално олеснет, а нови се и бандажите и системот за телеметрија.

Електронскиот систем за телементрија не само што го покажува времето за секоја обиколка туку може и да го срамни секое постигнување со тоа на друг водач да ги анализира податоците од претставувањето на патеката. Затоа се обезбедени графики со укажувања на брзината и на времињата кои треа да се следат во секој сектор на пистата.

Track Pack не предвидува промена на моќноста од 570 коњски сили. Исто како и досега ќе има 3,8 литарски V8 мотор со две турбини, кој ќе работи со 7-степен роботизиран менувач. Максималната брзина на кабриолетот е 328 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч доаѓа за 3,2 секунди додека за забрзување до 200 км/ч се потребни 9,6 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK