VW I.D. Vizzion доаѓа во 2022 година и ќе може да помине до 530 км со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Концептот I.D. Vizzion полека се движи кон производствената линија. Духовниот наследник на Phaeton ќе се појави во текот на 2022 година, а во наредниот период германскиот производител премиерно ќе го претстави и продукцискиот модел.

Како што пренесува AutoExpress, овој модел ќе се позиционира како ривал на Mercedes Benz S класа како и електричниот Tesla Model S. Двата електро мотори кои ќе бидат вградени овозможуваат овој модел да помине до 530 км со едно полнење на литиум-јонската батерија.

Благодарение на овие електромотори, како и погонот на сите четири тркала, овој модел ќе развива максималната брзина од 180 км/ч.

Концептот I.D. Vizzion премиерно беше претставен на овогодинешниот саем во Женева, а Јирген Стакман од VW изјави дека сепак овој модел покрај електрификацијата ќе ги има сите останати традиционални елементи однсоно нема да биде понуден со автономија од највисоко ниво како што претходно беше наведено.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK