Toyota потврди – во Париз премиерно нов концепт

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред некој ден најавивме дека Toyota на претстојниот саем во Париз можно е да не изненади со некој нов концепт, сега пристигна и официјална потврда од страна на јапонскиот производител – нов концепт доаѓа во Париз.

Оваа вест јапонскиот производител ја објави на својот официјален Twitter профил на Toyota Europe без при тоа да прецизира повеќе информации за овој концепт. Она што го соопштија е дека концептот ќе биде изложен уште на првиот т.н. новинарски ден кој започнува на 2. октомври пред официјално да бидат отворени вратите за пошироката јавност (4. октомври).

Недостатокот на информации овозможува најразлични шпекулации околу концептот, но сепак најголема е веројатноста да станува збор за концептот GR GT86. Токму за овој модел пред околу една недела јапонскиот производител објави тизер фотографија.

Gazoo Racing GT86 како што е целосниот назив доаѓа откако првиот човек на Toyota веќе неколку пати повтори за заложбите понудата на јапонскиот производител да се збогати со неколку спортски модели, а по моделот Supra кој беше претставен на саемот во Женева, ова ќе биде вториот спортски модел што Toyota го претставува оваа календарска година.

Инаку на саемот во Париз, Toyota ќе ја има европската премиера на моделот Camry, а ќе бидат претставени и Corolla Touring Sport како и Yaris GRMN.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK