Со моделот E20X, Seat го напаѓа кинескиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

По Skoda, Volkswagen групацијата планира и со Seat да ја нападне конкуренцијата на кинескиот пазар. На саемот во Пекинг кој заврши во петокот, VW го претстави концепт возилото E20X. Целосно електричниот кросовер е развиен од центарот за развој на Seat во Шпанија, а истиот е специјалнно развиен за пазарот во Кина кој веќе неколку години бележи тренд на постојан пораст.

Со иновативниот дизајн и привлечниот екстериер, Seat за целна група во Кина ќе ја има младата популација, а ова го потврди и шефот на VW за Кина, Jоаким Хајцман кој во рамките на пресконференцијата на саемот во Пекинг истакна дека во секој детал на овој модел се крие ДНК-та на Seat.

Овој електричен кросовер во продажба се очекува да се појави не подоцна од првиот квартал наредната година, а производството ќе се одвива исклучиво во Кина каде VW групацијата овој модел ќе го произведува заедно со домашниот автопроизводител JAC.