Следната генерација на Opel Corsa со радикални измени

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време се пишува за доаѓањето на новата генерација на Opel Corsa. Овој автомобил кој е најавуван и како прв автомобил на Opel во целост развиен од страна на PSA групацијата ќе содржи радикални измени.

Така првиот новитет е платформата на која ќе се базира. Иако иницијално беше најавео дека ќе се базира на постоечката платформа развиена од страна на GM, сепак новата Corsa ќе се базира на т.н. CMP (Common Modular Platform) платформа која е развиена од страна на PSA групацијата и се користи кај Peugeot 208.

Екстериерно, кај новата Corsa ќе биде аплицирана новата дизајнерска филозофија на Opel па за очекување се неколку елементи од GT X експерименталниот концепт кој претходно беше претставен на јавноста.

Новитет е и електричната изведба која е планирано да се појави во 2020 година, година по очекуваното официјално претставување на шестата генерација. Инаку првата генерација на Opel Corsa со додавка A се појави во далечната 1982 година и од тогаш па се до денес во континуитет се претставени пет генерации.

Новата Corsa ќе се произведува во опеловата фабрика во шпанскиот град Сарагоса. Во овој град бил произведен и првиот модел во далечната 1982 година. Ова значи дека производството во германската фабрика во Ајзенах нема да продолжи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK