Pininfarina PF0 со светска премиера во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред нешто повеќе од два месеци објави тизер фотографија од новиот модел PF0, италијанската дизајнерска куќа објави дополнителен тизер материјал и детално инфо за светската премиера на овој модел.

Како што соопштуваат од компанијата со седиште во Торино (Италија) светската премиера на овој модел ќе се случи на саемот за автомобили во Женева, закажан за почетокот на март 2019 година. Овој концепт всушност беше претставен и на претстојниот настан во Пибл Бич, но истиот беше од затворен карактер и само за “одбрано” друштво.

PFO е целосно електрифициран автомобил кој со своите неверојатни перформанси треба да се вброи на врвот на листата на најдобри електрифицирани автомобили. Овој автомобил ќе го придвижуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, а заедно ќе продуцираат околу 2.000 КС што ќе овозможи забрување до стотка за помалку од 2 секунди, а до 300 км/ч за помалку од 12 секунди.

Pininfarina PF0

Максималната брзина која може да ја постигне изнесува нешто над 400 км/ч. Во производство се очекува овој концепт да влезе во 2020 година, а цената ќе се движи од 2 до 2.5 милиони американски долари. Планирано е да се произведат само 150 примероци.

Повеќе информации околу овој концепт се очекува да бидат пласирани во наредниот период.