Citroen C-Aircross concept како најава за новиот C3 Picasso

ОБЈАВЕНО НА:

Иако го ставаат во групата на концепти, C-Aircross што е изложен на штандот на Citroen во Женева всушност е речиси продукциската верзија на новото C3 Picasso што треба наскоро да се појави.

За разлика од стариот модел на C3 Picasso што беше мал и недефиниран MPV, новиот модел ќе се натпреварува во многу попопуларен сегмент на кросовери и тоа против ривали како Nissan Juke.

Конечната продукциска верзија се очекува да задржи 90 отсто од овој дизајн на концептот, иако некои делови сигурно нема да ги задржи како задната врата или двете камери на вратите, пред се` поради финансиски причини.

Концептот е на 18 инчни тркала и шасијата е во две основни бои, и плус некои детали што исто така се во различна боја па се добива поинакво чувство. Чистите линии во внатрешноста се гледаат со 12 инчниот инфо-забавен систем, а традиционалните возачки додатоци се заменети со хед-ап vision board дисплеј.

Производнио тмодел ќе ја дели основата со неодамна промовираниот Opel Crossland X. Изборот на мотори се очекува да биде како и оној во C3, што значи избор на три и четири цилиндрични бензински мотори и дизелски агрегат. Засега нема планови за постојан пренос на сите четири тркала на овој модел.

Производството на новиот C3 Picasso треба да почне до крајот на годинава, а продажбата набрзо по промоцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK