Citroen C-Aircross Concept ја најавува новата генерација C3 Picasso

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот кросовер на Citroen се вика C-Aircross и ќе дебитира на саемот во Женева следниот месец. Во моментов тој е концепт, и е предвесник на следната генерација на C3 Picasso. Овој модел прави транзција од МПВ во СУВ, и се очекува да се појави во продажба до крајот на годинава.

Концептот е долг 4,15 м. широк – 1,74 м. и висок – 1,63 м., и според ова е сличен на Nissan Juke. Во однос на дизајнот C-Aircross Concept е инспириран од последната генерација на C3, но и од C4 Cactus исто така.

Карактеристики на моделот се повисоко поставен хауба, предните и задни заштитни штитови, лаковите на тркалата, отвори за воздух во предниот браник, заден дифузер.

Новиот Citroen C-Aircross доаѓа со две странични камери кои ги заменуваа ретровизорите, потоа панорамски покрив, отворање на задните врати на десно со шарки на вратите поставени во задниот дел за полесе влез (инспирирано од Aircross и CXperience), Потоа футуристички изглед на кабината, со сиво-портокалови нијанси, волан со еден крак, хед-ап дисплеј и 12 инчен централен тачскрин.

Други детали се 3Д навигациски систем со препознавање на гласовни наредби, Mirror Screen, ConnectedCam, ‘Share with U’ app, предни и задни наслови з аглава со вградени звучници и миркофони, безжично полнење на мобилни исто така е дел од опремата.

Исто како и следната генерација на C3 Picasso, и новиот Citroеn C-Aircross concept не доаѓа со погон на сите тркала. Наместо тоа производителот нуди “Grip Control” систем што овозможува лесно движење на тешки терени и доаѓа со пет различни начини на возење: стандард, песок, оф роуд, снег и исклучен ЕСП.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK