Kia влегува во светот на спортски лимузини

ОБЈАВЕНО НА:

Kia го одржа ветувањето, па и чекањето се исплатеше. Имаат спортска лимузина со погон на задните тркала.

Им требаше пет години на Корејците додека да го промовираат Stinger, серискиот модел со кој влегуваат во автомобилски сегмент што досега беше резервиран за некои други автомобилски призведувачи.

Моделот би требало да ги предизвика BMW 3, BMW 4 Grand Coupe, Audi A4 и Audi A5, Lexus Is и Infinii Q50. Во Kia не очекуваат огромна продажба, но сигурно ќе бидат сериозен конкурент.

Stinger ќе се продава во Европа и Америка. Ќе биде подолг и поширок од конкуренцијата од класата каде припаѓа. Основниот модел ќе биде со погон на задните тркала и ќе има и механички ограничена блокада на диференцијалот, но ќе се нуди и со погон на двете оски, каде најголемиот дел од вртежниот момент сепак ќе се пренесува на задната оска.

Во основната понуда на мотори ќе биде дволитарски четирицилиндричен турбо-бензинец со речиси 260 КС, а тука е и 3,3 литарскиот V6 битурбо кој располага со 370 КС. Тоа е доволно Stinger да забрзува до 100 км/ч за 5,1 секунда и да може да развива максимална брзина од 269 км/ч.

Со опцијата за V6 мотор доаѓаат и Brembo сопирачки, мултилинк на задната суспензија и Harman/Kordon аудио систем.

Ќе има само 8 степен автоматски менувач, а засега не се размислува за рачен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK