Калашников со новиот мотор „Иж“ го воодушеви Путин (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Може да развие брзина до 250 километри на час, а брзина од 0 до 100 километри достигнува за само 3,5 секунди.

Со цел да го воодушеват претседателот Владимир Путин, Русите создадоа нов мотоцикл, а произлезе од концернот Калашников. Тој мотоцикл би требало во иднина да биде дел од придружбата на претседателот кога тој ќе се вози во службениот автомобил.

Оваа фирма го осмисли новиот мотоцикл „Иж“ за потребите на проектот „Кортеж“, а беше презентиран на изложбата „Русија загледана во иднината“ во Мањеж.
Путин самиот можеше да се увери во тоа како изгледа новиот мотоцикл, а истиот во моментов е на тестирање.

После завршувањето на тест периодот може да се очекува негова појава на пазарот. Иж има агрегат со околу 150 коњски сили, а тежок е дури 500 килограми. Може да развие брзина до 250 километри на час, а брзина од 0 до 100 километри достигнува за само 3,5 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK