Citroen C-Elysee оди „под нож“ за разубавување

ОБЈАВЕНО НА:

По повеќе од 400.000 продадени примероци во период од четири години во Citroen решаваат да му дадат освежување на моделот C-Elysee. Моделот што одлично се продаваше на големите пазари како Кина, Турција и Алжир, но и во други европски земји, и зад себе има три наслови на светски првак во FIA WTCC меѓу конструкторите.

Моделот треба да се најде во продажба во првиот квартал од 2017 година. Возилото што е популарно поради удобноста и квалитетот за време на престојот внатре сега е збогатено со нова технологија за поедноставно возење, меѓу другото и Citroën Connect Radio i Citroën Connect Nav со 7 инчен тач скрин.

Новата предна украсна маска и хромираниот симбол на брендот се продолжени и се влеваат со фаровите. Тие се целосно редизајнирани, поголеми се и имаат посовремен дизајн. Возилото изгледа поширокот поради неприкинатата поврзаност меѓу предната украсна маска и фаровите. Дополнителен впечаток остава и вертикално дизајнираниот дел за влез на воздухот во долниот дел на браникот. Поради сите тие делови возилото има подобро однесување на патот и подобра заштита. На задниот дел има нови светла со тродимензионален ефект.

Во внатрешноста има инструмент табла која се разликува во однос на нивото на опременост. На нејзе се наоѓа и новиот 7 инчен тач скрин. Тој дополнително придонесува за современ изглед на новиот модел. редизајнирана е таблата каде сега има и по прегледни мерачи.

Новиот Citroen C-Elysee има н арасполагање палета на ефикасни и штедливи мотори. Понудата е прилагодена за различни региони во кои се вози моделот. Достапна е со два бензински мотори PureTech 82 во комбинација со рачен менувач или VTi 15 во комбинација со рачен менувач и најсовремен 6 -степен автоматски менувач EAT6. Понудата на дизелски мотори опфаќа мотори HDi 92 и BlueHDi 100.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK