Audi подготвува ривал на Mercedes-Maybach

ОБЈАВЕНО НА:

Ултра луксузниот Mercedes-Maybach добива конкуренција. Audi, според пишувањата, подготвува ултра луксузна изведба на моделот A8 кој меѓу другото ќе располага со моќен W12 мотор, а ќе ја носи назнаката Horch.

Според пишувањата, Horch изведбата на Audi A8 ќе се појави за две до три години кога се очекува да биде претставена и рестилизацијата на актуелната генерација од основниот A8 модел.

Под хаубата овој Horch модел ќе располага со 6.0 литарски V8 twin-turbo мотор. Овој мотор треба да обезбеди уште поголема моќност. Во поглед на димензиите тие остануваат исти вклучувајќи го и меѓуоскиното растојание кое останува 3.122 мм. Во внатрешноста ќе има уште поголем луксуз, уште повеќе напредна технологија која треба да овозможи голема автономија и асистенција при возењето.

Инаку називот Horch доаѓа од Аугуст Хорх, еден од најзаслужните за појавувањето на Audi, а кој во текот на годините работел и заедно со Карл Бенц. Во иднина сите ултра луксузни автомобили на овој германски бренд ќе ја носат додавката Horch со што јасно би се направила дистинкција помеѓу редовните и специјалните изведби на Audi автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK