Audi E-Tron во комерцијалното видео за Еми наградите

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi обелодени нови визуелни детали за моделот E-Tron. Ова го објави во рамките на комерцијалното видео односно реклама која беше емитувана во рамките на Еми наградите.

Во рекламата која трае 60 секунди, прикажан е досега најдобар преглед на овој модел откако претходно од тизер фотографиите во целост не можеше да се утврди надворешноста.

Од видеото може да се забележи дека производствениот модел не е многу различен од концептот прикажан на саемот во Женева, а во најголем дел содржи екстериерни елементи применети кај последно прикажаните модели на Audi. Тука пред се мислиме на моделот Q8. Овој прв електричен SUV на Audi е предвесник на новата ера на Audi во која акцент е поставен на електричните и технолошки напредните автомобили.

Од достапните технички информации покрај батеријата со која ќе може да се помине до 400 километри, двата мотори кои продуцираат над 400 КС и малата тежина (само 700 кг), овој модел доаѓа и со без класичните ретровизори односно со две странични камери кои ќе продуцираат слика на OLED екран поставен помеѓу инструменталната табла и вратата.

Сите детали за овој модел ќе бидат објавени во текот на следната недела, а веќе од утре започнуваат резервациите. За да резервирате еден автомобил потребно е да платите 1.000 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK