Возилата на PSA се еколошки најприфатливи во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај тоа што се занимава со статистика околу продажбата на нови возила во Европа, компанијата Јато Дајнамикс објави и интересна статистика која покажува кои возила се еколошки најприфатливо на европскиот пазар.
Секоја година се намалува нивото на ЦО2 што го испуштаат возилата, и просекот од 160 г/км. во 2007 година сега е намален на 117,8 г/км.

Исто како и лани, на првото место останува Peugeot чии возила имаат просечно испуштање на ЦО2 од 101,9 г/км. што е за 1,7 г/км. помалку од 2015 година. На второто место се задржа и Citroen чии возила имаа просек од 103,3 г/км. Во водечката тројка на европскиот пазар во однос на 2015 година единствената измена на скокот од едно место на Toyota каде имаше едно од најдобрите подобрувања, намалување за 3,6 г/км. потиснувајќи го Renault на четвртото место.

На листата од 20 производители, најголем поместување во позитивна смисла има кај моделите на BMW – 4,8 г/км. и кај Dacia – 4,3 г/км. Само кај три марки е забележано зголемување на просечното испуштање на ЦО2, и тоа кај Nissan за 0,8 г/км. , Ford + 2,1 г/км. и кај Mazda + 0,2 г/км.

Од земјите во ЕУ, најмногу еколошки освестени се Норвежаните, кои купуваат возила што се испуштаат најмалку ЦО2. Во Норвешка намалувањето на ЦО2 e за 6,3 г/км. Во Топ-3 остануваат и Португалија (-1,0 г/км.) и Холандија, иако тука има зголемување од + 5,1 г/км. што е едно двете во Европа, и најголемо. Во сите други држави, со исклучок уште на Данска има тренд на намалување на емисијата на ЦО2.
Ако се анализираат возилата по сегменти, најголем скок, со намалување има кај Луксузните возила, – 14,5 г/км.м а единствено зголемување е забележано кај спортските возила, од + 0,3 г/км. Најпопуларниот сегмент на СУВ возила бележи негатива од 6,1 г/км.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK