Внимавајте да не бидете казнети: Неверојатни сообраќајни правила низ светот

ОБЈАВЕНО НА:

Пред да патувате во странство во секој случај пожелно е и потребно да ги проучите сообраќајните правила кои се на сила во секоја од земјите во која имате намера да патувате. Некои од правилата се навистина чудни и навистина делуваат како да се од друга планета.

Дека е така тоа го покажува и листата во продолжение.

Имено, во поголемиот дел од случаите доволно е да ги почитувате сите стандардни сообраќајни правила, но на дел од нив тешко се забележува ако не сте запознаени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во земјата низ која патувате.

Русија

Сообраќајниот полицаец во Русија може со методот на слободна проценка да одреди казна за валкан автомобил во сообраќајот. Посебно внимание притоа се посветува на чистотата на регистрарските таблички.

Сингапур

Речиси комплетниот градски сообраќај во Сингапур има таков концепт што возилата и пешаците се физички одвоени со различни траси на движење. Безбедноста на пешаците на тамошните власти им е на прво место, па сите кои со автомобилот ќе му се доближат на пешакот на одалеченост помала од 50 метри ризикуваат казна.

Јужноафриканска република

Во оваа земја како речиси и во целата Африка, сосема е нормално на патиштата да се појава диви животни. Во тој случај е потребно да се намали брзината, на најмногу 10 км/ч, а понекогаш и да се застане како животните би можеле непречено да поминат. Во спротивно се ризикува сериозна парична казна.

Шпанија

Забрането е возење во  папучи, чевли со висока потпетица и во апостолки. Во случај возачот да нема адекватна облека ризикува казна од 200 евра. Сите кои користат диоптриски очила во секој момент во автомобилот мораат да имаат резервни.

Тајланд

За жал на нудистите во оваа земја каде и да се наоѓаат зад воланот мора да бидат потполно облечени. Тамошните полицајци не толерираат ниту возење без маица, а уште помалку целосна голотија.

Германија

Автопатиштата во Германија се една од последните оази за вљубениците во автомобилите. Имено, на бројните делници нема ограничување на брзината, па со самото тоа и безбедноста на сите учесници во сообраќајот е значително загрозена особено ако останете без гориво. Казната за ова е навистина огромна.

Колорадо – САД

Еден од прастарите сообраќајни закони забранува возење на црн автомобил во недела. Сепак, претставниците на законот во практика не го спроведуваат овој закон бидејќи сите се свесни за неговата апсурдност.

Јапонија и Велика Британија

И во двете земји е потребно да е прилагоди брзината во зависност од водата која се собира на патиштата во текот на дожд, за случајно со својот автомобил да не истуширате некој од пешаците покрај патот.

Финска

Секој налет на диво животно возачот мора да го пријави во полиција. Во случај на бегство од местото на несреќата полицијата испраќа казна.

Онтарио – САД

Според тамошниот закон секој таксист може да одбие во својот автомобил да прими патник со лош здив.

Алабама – САД

Дел од тамошниот закон безбедност во сообраќајот на патиштата звучи неверојатно со оглед на тоа што во еден став од него се забранува возење со врзани очи.

Франција

Ако патувате низ Франција служејќо се со навигација која има можност за предупредување на ограничување на брзина и позициите на фиксни радари за контрола на брзината на движење, ризикувате можност за губење на возачката дозвола, па дури и за запленување на возилото.

Данска

Според тамошните закони пред стартувањето на возилото сте должни да го проверите просторот под автомобилот, за случајно да не има некое дете кое е заспано штитејќи се од сонцето или дождот.

Шведска

Кратките или дневни светла мораат да бидат активни во кое било време во текот на денот без разлика на годишното време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK