Ветено – исполнето: Ford отвори автоматски салон во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од САД, Ford и кинеската корпорација Alibaba на југот на Кина отворија автоматизиран салон за купување на автомобили со што го остварија планот од минатата година. Овој салон го доби името Super Test-Drive Center, а се наоѓа в градот Guangzhou (Kanton) на југот на земјата.

Во овој салон не е предвидена никаква интеракција со луѓето работници туку се ќе биде автоматизирано. Саканиот автомобил ќе се одбира од достапниот каталог по пат на мобилна апликација или на одредено место во самиот салон. На корисниците на располагање им се 42 автомобили сместени на различни катови во салонот, но преземањето на одбраното возило се случува на приземје.

Користникот кој сака да ги користи услугите на салонот мора да има Tmall profil, а при влегувањето во салонот неговиот идентите поврзан со тој профил се проверува по пат на препознавање на ликот. Автоматизираниот состав го спушта одбраниот автомобил во приземјето после што корисникот може да го испроба во текот на следните три дена.

Сепак, и тука постои одреден состав за проверка односно доверба. Доколку не сака да го плати периодот на тестирање на возилото (бесплатни се тест возења на два автомобили во низа) корисникот мора да има барем 700 поени во Zhima Credit составот и мора да биде SuperMember член на Alibaba (едно од најголемите нивоа во програмот Alibaba 88 Membership).

Автоматизираниот салон е дел од стратегијата на Ford да го зголеми присуството на кинескиот пазар наречен China 2025 Plan, што во иднина вклучува претставување на 50 нови модели на возилото од кои 15 возила се целосно електрични.