Циркус: Поради магарето, сопственикот казнет со 7.000 долари за „џвакање“ McLaren

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата зима сопственик на McLaren 650 S Spider бил изненаден когa неговото скапо возило го паркирал, погледал во ретровизорот и забележал магаре како го јаде задниот браник. Според информациите магарето направило штета од околу 40.000 долари бидејќи мислело оти портокаловото возило е голем морков.

Осигурителната компанија одбила да ја плати штетата со образложение дека делумна одговорност на сопственикот е бидејќи го паркирал возилото во близина на животното. Сопственикот на возилото, Маркус Зан потоа побарал од сопственикот на животното да ја плати штетата, но овој одбил сметајќи дека овој не требало тука да паркира.

Dieser #Esel hat es faustdick hinter den Ohren- er hat nämlich einen ziemlich teuren Schnapp gemacht! Was es mit dem Esel und dem schicken #Auto im Hintergrund auf sich hat, erfahrt Ihr bei uns in der Sendung. Und soviel sei verraten, es ist zum Reinbeißen…Mhhhmm 🙂 #Schlitz #Vogelsbergkreis #McLaren #Sportwagen #Biss

Публикувахте от RTL Hessen в 19 септември 2016 г.

Битката продолжила низ судските лавиринти во градот Гизен. Според пресудата сопственикот на магарето ќе треба да плати 7.000 долари како надомест на штетата на он ашто осигурувањето не сакало да го покрие. А според Зен, ова било вистински хумор.

За оние што не знаат што е McLaren 650 S Spider, тим има твин турбо 3.8 литарски V8 мотор што развива 650 КС, а возилото од 0 до 100 км/ч. забрзува за 3 секунди. Максималната брзина е 329 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK