Toyota и Microsoft развиваат технологии за препознавање на глас

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota и Microsoft ќе соработуваат на развој на повеќе технологии за препознавање на глас, за вештачка интелигенција, за контрола на гестови, како и за различни оперативни системи. Неофицијално, станува збор за најголемиот договор што Microsoft досега го потпишал со производител на автомобили, но со којшто Toyota ќе добие пристап до голем број дела заштитени како интелектуалната сопственост.
Нема информации колку Toyota платила за ваквиот пристап.

Ова не е прва соработка на Microsoft и Toyota. Тие веќе соработуваат на научниот центар за податоци на Toyota. Односно, автопроизводителот ги поврзува своите корисници со клауд платформата на Microsoft, за да им понуди услуги кои се фокусирани на индивидуализацијата на корисничките искуства.
Договорот не е ексклузивен, и Microsoft ќе може да понуди своја технологија и на други автопроизводители.

Microsoft е гигант кога станува збор за равојот на интелектуалната сопственост, а ако се земе предвид сѐ поголемата компјутеризација во автомобилската индустрија, се очекува Microsoft да обрати внимание и на технологијата за повзрување на автомобилите.
Microsoft досега соработувал со повеќе автопроизводители, како Renault-Nissan кој ја користи платформата Microsoft Azure за поврзување на автомобилите, како и ажурирање over-the-air. Додека Volvo го користи Microsoft HoloLens системот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK