Toyota Camry направена од Lego коцки

ОБЈАВЕНО НА:

Рајан Мекнаут кој е еден од 14-те професионални конструктори со сертификат од Lego, направи примерок во реални размери од новата генерација Toyota Camry. Возилото е целосно од Lego коцки и претставува редок примерок досега.

Целиот процес на изработка на овој примерок на возилото од Lego коцки траел дури 900 работни часови, а тоа е 40 пати повеќе отколку што им е потребно на вработените во фабриката на Toyota да го изработат реалното возило почнувајќи од нула. Мекнаут својата задача ја извршил за осум недели.

Колата е тешка околу 2 тона или приближно 400 килограми повеќе од вистинскиот автомобил. Располага со фарови и стоп светла кои функционираат, како и мало лого на Toyota тркалата.

Toyota ќе го изложи направениот Camry од Lego коцки во Мелбурн за околу еден месеци, а после тоа возилото најверојатно ќе биде испратено за САД каде што ќе има натамошни промотивни активности.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK