ТОП-10 автомобили со најсмешни имиња

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија знае да изобилува со многу креативност, а истовремено знае во недостаток на креативност да ни произведе не толку убави автомобили или доста смешни називи.

Во однос на ова последново, називите т.е. имињата на моделите, низ историјата се појавиле бројни автомобили чиј имиња, преведени или во оригинал знаеле или сеуште знаат да не насмеат.

Така во продолжение во наш избор ви ги претставуваме автомобилите со најсмешни имиња.

10. TOYOTA ISIS

Ако пребарате на Google под називот Isis покрај терористичката организација од Блискиот Исток ќе добиете и резултати поврзани со моделот Isis на Toyota. Овој модел јапонскиот произзводител го лансираше во 2004 година и се продаваше се до 2017 кога е прекинато производството.

9. GEELY RURAL NANNY

 GEELY RURAL NANNY

Овој пикап модел на Geely го носи називот Rural Nanny што во превод значи – провинцијалка.

8. AMC GREMLIN

Gremlin side (5903000893).jpg

Да, баш како гремлини. Овој модел American Motors го произведуваше осум години во периодот од 1970 до 1978 година, а невообичаеното име резултираше со продадени 671.475 единици од овој автомобил.

7. SUZUKI CAPPUCCINO

Suzuki Cappuccino front 20090514.jpg

Ако не ви текнува името на вашата најнова креација тогаш именувајте ја по првото нешто што ќе го видите. Веројатно на овој начин и инжинерите го именувале овој модел од 90те години.

6. MITSUBISHI PISTACHIO

2000 Mitsubishi Pistachio (18353516418).jpg

Чудни биле тие 90-тегодини, барем за јапонските произведители. Ако инжинерите на Suzuki милуваат капучино, тогаш оние на Mitsubishi дефинитивно ‘фстаци. Доказ за тоа е овој мал градски автомобил од 90те години.

5. GEELY BEAUTY LEOPARD

GEELY BEAUTY LEOPARD

Не само по копирањето на дизајнот, кинезите се познати и по недоволната креативност кога се во прашање и имињата на автомобилите. Ако создадете автомобил со одличен дизајн тогаш нека биде убав, а доколку е и брз тогаш нека биде леопард.

4. DAIHATSU NAKED

Daihatsu Naked 009.JPG

“Naked” или соблечен (гол) – тоа е називот на овој модел на Daihatsu од 90те години. И покрај називот овој модел не ги привлекол симпатиите на нудистите ширум светот.

3. MITSUBISHI MINICA LETTUCE

Image result for MITSUBISHI MINICA LETTUCE

Ако може капучино и ‘фстак зошто да не може марула?

2. FORD ESCORT

Не треба да се зборува многу за значењето на терминот Escort, но како таков Ford го искористи за именување на доста популарен модел во Европа кој се продаваше во периодот од 1968 до 2004 година.

  1. MAZDA LAPUTA
    MAZDA LAPUTA
    MAZDA LAPUTA

    Овој модел на Mazda никогаш не се продавал во земјите од шпанското говорно подрачје. Причината за тоа е името на моделот кој во превод на шпански означува женски полов орган.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK