Тоа го може само и само Lada (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако правиме споредба помеѓу автомобилите и воените возила тогаш дефинитивно можеме да заклучиме дека автомобилите на Lada ги имаат сите предуслови да прераснат во тенкови.

Единствено фали цевка и гасеници. Добро, гасениците и не се толку неопходни бидејќи четирите тркала и моторот се сосема доволни да се совлада било каков терен.

Ако во изминатиот период ги гледавме подвизите на Lada Niva, сега, малку познат модел на рускиот производител од минатото, Lada Oka успеа да направи навидум невозможен подвиг – да вози по поплавениот Сочи.

Имено, на интернет сајтот YouTube се појави снимка како ова мало градско возило успешно им пркоси на поплавените улици во градот Сочи, и без да покаже воопшто слабост се пробива низ водите на надојдената река Адлер.

Сето тоа е проследено со аплауз од страна на “гледачите”.