Светски рекорд на Bugatti Chiron: Од 0 до 400 и до 0 км/ч. за 42 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Кога Bugatti ќе се спои со поранешниот возач во Формула 1, победник на Гран при трки, но и во Инди 500, Хуан Пабло Монтоја тогаш сигурно станува збор за интересна комбинација која треба да донесе некој резултат. Bugatti се обиде и успеа да постави светски брзински рекорд. Од 0 до 400 км/ч. и повторно до 0 стигна за 42 секунди.

Моделот што го управувал Монтоја има 8 литарски W16 мотор со силен турбо полнач. Откако забрза до 400 км/ч. со притисок на сопирачките на Chiron Му требаа 9,3 секунди и 491 метар за да застане. Мерењето покажало дека Chirion бил побрз од неговиот претходник Bugatti Veyron 16.4.

Еве ги фактите за овој потфат:
– Потребни беа 41,96 секунди од почеток до сопирање при постигнување на брзина од 400 км/ч.
– Најдоброто време досега официјално се мери за сериски автомобил во светот.
– Светскиот рекорд што го постави Хуан Пабло Монтоја, победник на Формула 1 од Монако, два пати победник на Инди 500
– За постигнување на брзина од 400 км/ч. на
Chiron му требаа растојание од 3,122 километри
– Тестот беше официјално сертифициран од SGS-TÜV Saar
– Рекорд од 0 до 400 и до 0 е само првиот чекор кон новиот светски брзински рекорд за сериски автомобил што го планира Bugatti за 2018
– 300 автомобили од ограниченото издание на вкупно 500 автомобили веќе се продадени.
– Постигнувањето на автомобилот ја нагласува неговата единствена позиција во делот на екстремни автомобили.

Следната 2018 година, Bugatti планира да постави нов светски рекорд за брзина, со цел да го подобри оној од 431,072 км/ч. поставен од Veyron 16.4 Super Sport во 2010 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK