Слушнете како звучи V12 моторот на Aston Martin Valkyrie

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2016 година најавен на голема врата, а сега веќе дел од производната лента во Гејдон (Англија), англискиот производител на својот официјален YouTube канал објави видео на кое е емитуван звук од V12 моторот кој е составен дел на овој автомобил.

Од претходно е објавено дека за придвижувањето на овој автомобил најзаслужен е 6.5 литарскиот V12 мотор кој развива до неверојатни 1.130 КС, а максималната брзина изнесува 321 км/ч. Исто така инжинерите на овој производител активно работеа и на аеродинамичност, па така овој модел се вбројува меѓу најаеродинамичните.

Моќноста на моторот и импресивниот звук, Aston Martin го демонстрираше преку 20 секундното видео, прикажано во продолжение кое дефинитивно, доколку сте љубители на спортските автомобили значително ќе ви го покачи адреналинот.

Инаку овој мотор кој ќе биде дело до овој автомобил важи за најмоќните атмосферски мотори на сите времиња. Токму Aston Martin со овој мотор успеа да го одземе приматот на Ferrari 812 Superfast чиј 6.5 литарски V12 мотор развиваше 789 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK