Слепо ја следел GPS навигацијата и заврши во шума!

ОБЈАВЕНО НА:

GPS навигацијата може да биде кобна доколку во целост се припуштите на неа без при тоа да посветувате многу внимание на околината низ која возите.

Со вакво лошо искуство се соочил руски возач кој потпирајќи се на навигацијата со својот шлепер Scania завршил сред шума во австриската покраина Корушка.

Камионџијата од локален пат набрзо се нашол на калдрма па поради тесниот пат тој побарал помош. Веднаш на терен излегла локалната полиција и пожарникари кои успеаа да ја решат навидум безизлезната ситуација.

Инаку ова не е прв пат навигацијата да ги измами возачите. Претходно објавивме за случај од САД каде жена-возач верувајќи на навигацијата завршила на пруга додека пак минатиот месец 52 годишен камионџија од Турција возејќи низ Австрија, а при тоа следејќи ги GPS насоките, наместо во Салзбург, Инсбург, Линц, Грац или Виена завршил сред Националниот парк Калкалпен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK