Бидејќи е редок сообраќајот, автопатот се користи за сушење на пченка

И Северна Кореја има автопатишта – но какви? (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Доволно големи за да може да слета и авион, автомобили нема, може слободно да возите велосипед, децата си играат безгрижно, а не можете да излезете од Пјонгјанг без посебна дозвола...

Патувањето по автопатиштата во Северна Кореја е големо искуство, бидејќи овозможува да се види секојдневниот живот на луѓето во земјата надвор од строгата контрола во престолнината Пјонгјанг.

Автопатиштата ги поврзуваат главните градови и по нив ретко можат да се видат автомобили. Ова создава многу чудна атмосфера, бидејќи патиштата се толку големи на нив може да слета авион, но речиси нема автомобили. И, се разбира, има многу нерамнини и дупки.

Кога патувате организирано во Северна Кореја, сè е предвидено до најмала подробност, дури има и постојки за користење на тоалет.

А на некои од местата за одмор се чувствувате како во пустелија, раскажува фотографот Ерик Лафорг кој го овековечи своето патување по автопатиштата на Северна Кореја.

Погледнeте ја галеријата на Ерик Лафорг

Автопатиштата се толку големи што може да слета и авион без никакви проблеми
Вака изгледа еден обичен ден на автопатиштата во Северна Кореја
Без проблеми може да се возат и велосипеди
Децата секојдневно ги шетаат домашните животни користејќи ги патиштата, па понекогаш се изненадени кога ќе видат автомобил или автобус
Забрането е да се влезе во главниот град со валкано возило. Затоа пред самиот влез истите треба да се измијат.
Бидејќи сообраќајот е редок, автопатот се користи за сушење на пченка
Во Кореја нема патарини, но не може да се излезе од Пјонгјанг без посебна дозвола
Покрај патот има големи бетонски столбови. Во случај земјата да биде нападната тие би биле бутнати и непријателот нема да може да се движи по патот
Следете не и на:

24AUTO NETWORK