Семафор за оние што постојано се „ѕверат“ во телефонот

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во холандскиот град Бодегравен тестираат нов вид на семафор наменет за оние што постојано гледаат во своите мобилни телефени, па ретко ја креваат главата. Така би се олеснило движењето и би се пречиле потенцијалните несреќи во сообраќајот.

Технологијата се нарекува „Plus Lightlines“ и ќе ги предупредува пешаците на премините што се зафатени со гледање во телефонот да внимаваат.

Пилот проектот всушност се ленти со ЛЕД светла вградени во тротоарот, во позиција што се наоѓа на линија на опсегот на луѓето што гледаат во телефоните, односно доле.

ЛЕД светлата може да бидат црвени или зелени и синхронизирани се со светлата на семафорот, а видилив е и дење и ноќе. Ваква сигнализација засега е поставена во близина на школите во овој холандски град.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK