Секој четврти продаден автомобил во Европа е СУВ

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупната продажба на нови автомобили во 2016 година во Европа била 15,14 милиони возила, што е зголемување од 6,5 отсто во однос на 2015 година. Ова е втора најдобра продажна година по 2007 кога првпат беше надмината бројката од 16 милиони возила.

Во оваа слика од зголемена продажба секој четврти автомобил што бил испорачан на купувач бил од СУВ сегментот. Овој сегмент има пораст од 21 отсто, односно 3,9 милиони возила во 2016 година.

Овој сегмент „држи“ 25,6 отсто од целиот пазарен удел, а потоа следува B сегментот со 21,1 отсто пазарен удел (3,2 милиони продадени возила) и на трето место е C сегментот со 20,2 отсто (малку над 3 милиони продадени возила)

Извор: Јато

Следете не и на:

24AUTO NETWORK