Seetroën иновацијата на Citroen која ќе ве релаксира додека возите

ОБЈАВЕНО НА:

Кажете “Збогум” на непријатното чувство при патување и замор на вашите очи. Благодарение на најновата иновација на францускиот производител Citroen овие кошмари повеќе се минато.

SEETROËN e најновата иновација на Citroen – очила кои ги решаваат непријатностите при патувањето со автомобил. Тука пред се се мисли на непријатното “необјаснливо” чувство при патување како и замореноста на вашите очи. Како што соопштува францускиот прозиводител од овие непријатности страдаат преку 30 милиони луѓе во светот.

Очилата се дизајнирани од студиото 5.5 од Париз, додека технологијата е развиена од страа на Boarding Ring, старт ап компанија од градот Вар во јужна Франција. Според Citroen, овие очила се препорачува да се користат во оној момент кога ќе се појават иницијалните симптоми и по само 10тина минути сите непријатности ќе исчезнат.

Цената на овие очила изнесуваа 99 евра во Велика Британија, а нема информација каде се може да се купи оваа иновација на францускиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK