Се продава Pullman возилото на Путин (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Блиндираниот Mercedes-Benz S600 Pullman од автопаркот во Кремлин со специјална ознака ГОН се продава на рускиот сајт за автомобили auto.ru. Лимузината која е произведена во 2003 година е сопственост на колекционер, кој тврди дека истата била користена лично од претседателот Владимир Путин „за официјални и за неофицијални средби“.

Според описот до објавата возилото е произведено по нарачка од Mercedes-Benz, а не од приватно студио, а е блиндиран по стандардот B7/B7.

Под предната хауба работи 5,8-литарски V12 мотор со моќност од 367 коњски сили и максимален вртежен момент од 530 Нм. Има петостепен автоматски менувач со придвижување на задните тркала.

Лимузината има кожен салон, тризонска клима, автоматско регулирање на седиштата и високквалитетен развлекувачки систем. Возилото учествувало на изложбата „90 години ГОН“ заедно со други автомобили користени од руското Претседателство.

Продавачот го има оценето ова возило со 111.390 евра.