Се на едно место: Што треба да знаете при патување во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Грција е една од најчестите дестинации за макеоднските граѓани кога станува збор за краток викенд престој или летни одмори. И таму најчестопатуваме со автомобил. Но, кога се патува во Грција за нас важат грчките закони кои мора да ги почитувате. Казните за прекршување на законите се доста високи, па покрај паричните казни можете да завршите и во затвор.

Непристојно однесување на јавни места не се толерира. Полицијата може да ве уапси, а судот да донесе висока парична казна, дури и во некои случаи затворска казна.
Употребата и поседување на било какви дроги, вклучувајќи и класа Ц дроги, може да резултира со долга затворска казна и висока парична казна.

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

Задолжително побарајте и земете сметка за се што купувате и за сите услуги што ги добивате. Внимавајте посебно на пиратерија – можете да завршите во затвор.

Цена на горива во Грција (статус 3 мај 2018)
* безословен 95 – 1,59 евра
* дизел – 1,39 евра
* ЛПГ – 0,79 евра
Цената на горивата сепак може да варира на различни пумпи, а ЛПГ има само на одредени бензински пумпи.

Поважни телефони
Полиција 100/112
Амбуланта 166 во Атина/ 112
Пожарна 199/112
Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600
ЕЛПА (аларм центар) 10400

На одредени патишта во Грција постои и наплата на патарина, преминување н амостори и минување низ тунели. Каде и како истата се плаќа можете да проверите тука (http://www.tolls.eu/greece).

Зборувањето на мобилен телефон додека управувате возило во Грција е забрането. Казната е до 100 евра. Полицијата може да ја провери листата на повици при истражување на сообраќајни несреќи.

При шопинг во Грција можете да го искориститеи повратот на данок што ви следува како граѓани на земја што не е дел од ЕУ.
На копно и на најголемиот дел од островите тоа е 24 отсто, само 17 отсто на дел од островите.
Потребно е е да потрошите најмалку 50 евра, и повратот можете да го направите најмногу до три месеци од купувањето. При излегување од земјата треба да имате пополнет формулар од продавницата, а царината да ви удри печат врз основа на проверка на купената стока. Ви треба и пасош, а потоа можете да ги вратите парите или на граница или во сопствената земја.
* Повеќе информации тука (https://premiertaxfree.com/how-shop-tax-free/greece)

Возењето под дејство на алкохол е казниво со закон. Секоја општина има свои рестрикции и висина на казни, па тие се движат од 250 до 2000 евра, одземање на возачката дозвола па дури и казна затвор. Дозволеното ниво на алкохол во крвта е значително помало во споредба со кај нас, па дозволено е максимум 0,25 промили. За нови возачи (помалку од 2 години искуство), возачи на мотор/мопед и професионални возачи (возачи на такси, автобуси), дозволено е 0.10 промили алкохол во крвта. Полицијата може да ве застане во било кој момент и да изврши контрола.

Малите фирми што издаваат скутери и помали моторни возила, обично не ги осигуруваат нивните возила, па луѓето што ќе ги изнајмат се одговорни за штетите, па затоа е препорачливо добро да ги разгледате, по можност да ги сликате пред изнајмување. Бидете посебно внимателни доколку возите мотор – законот во Грција наложува носење на кацига.

Владата на Грција забрани фотографирање на воени објекти; доколку не ја почитувате забраната може да ве уапсат.

Задолжителна опрема за безбедност:
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра)
Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни
Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди.
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.