Само во Данска: Повеќе електрични полначи отколку бензински станици

ОБЈАВЕНО НА:

Иднината е во електричните возила, а за нивна поголема секојдневна употреба потребно е да има и развиен аинфраструктура. Некои земји сѐ уште кубурат со тоа, а во некои малку и претерале. Во Данска бројот на полначи за електрични возила го надмина бројот на класичните бензински пумпи.

Тоа се гледа од извештајот на Данската енергетска асоцијација Dansk Energi каде фигурираат веќе 2030 станици за полнење за електрични возила на територијата на земјата. Бројот на класичните бензински станици во Данска е 2028.

Оваа статистика, сепак, не значи дека Данците масовно се префрлаат на користење на електрични возила. Во последните години нивната продажба во земјата навистина се рекордни, како последица на укинувањето на даноците за еколошко чистите транспортни средства од Владата.

Но добрите времиња завршија, бидејќи во минататна година и електрични возила повторно беа оданочени од страна на државата. Ова доведе до опаѓање на интересот на купувачите, што се гледа од четирикратниот пад во продажбата на електрични возила во земјата минатата година. Во првото тримесечје на годината во Данска биле купени само 180 нови електрични возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK