Сам свој мајстор: Од Peugeot 406 направи Ferrari 550 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Нема автомобил произведен во Ferrari кој е евтин и секој од моделите е прилично скап и недостапен за обичните смртници. Сепак, доколку некој сака да седне зад воланот на Ferrari може да ја искористи својата фантазија и да направи реплика.

Можеби ви изгледа тешко, но не е и невозможно да се направи реплика на Ferrari,  а тоа го покажа извесен Чех, кој успеа да направи вистинско ремек дело.

Чешкиот „сам свој мајстор“ го сонувал Ferrari 550 Maranello, а бидејќи не можеше да си дозволи да го има одличниот спортски автомобил со 12-цилиндричен мотор одлучи самиот да го направи.

Како база зема Peugeot 406 Coupe. Изборот не е случаен бидејќи и двата автомобили ги дизајнираше Pininfarina.

Предниот и задниот дел на Peugeot 406 Coupe го замени со елементи од Ferrari 550 Maranello, како и тркалата. Во внатрешноста вгради волан од Ferrari и се случи чудна мешавина која веќе го доби одговарачкиот прекар – Ferugeot!

Возилото ја користи најсилната моторизација на 406 Coupea – 3,0 литарски V6 бензинец со сила од 207 “коњи”.