Сам свој мајстор: Хрватски Renault 4 со 6 тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Возејќи некој „бесен“ автомобил на улица сигурно ќе го привлечете вниманието на луѓето. Но, истото може да го направите и ако возите некој модел што е уникатен, необичен или никаде не може на друго место да се најде.

Такво внимание секојдневно привлекува и Хрватот Јурица Бизјак кој направил Renault 4 на 6 тркала. И не само што е направен, туку истиот е регистриран и го вози по улиците на Златар, пишува весникот 23сата.

Во изработката на моделот Бизјак вложил над 1.000 часови и речиси две години. И веднаш добил понуди да го продаде, и не баш мала – 42.000 евра. Но, гордиот сопственик ја одбил понудата, бидејќи го обожува својот олдтајмер. Тоа е Renault 4 GTL компактен автомобил што се произведувал во периодот од 1961 до 1992 година.

Го избрал како основа за правење бидејќи е едноставен и практичен. Дури и во случај на проблем, со малку техничко знаење и сет на алати може да го поправи. Автомобилот има 1100 см3 работна зафатнина и 34 КС.

Еден мал тим работел на изработката на овој автомобил. За да се постават 6 тркала требало да се завари уште една осовина и да се изработи посебно подвозје што е прилагодено на автомобилот. Во изработката на овој автомобил биле користени делови од три други возила на Renault 4, a се користеени и делови од Twingo како што се седиштата и ретровизорите.
За внатрешноста се користени старите делови што биле целосно реставрирани. Багажникот е продолжен овозможувајќи да се добие голем корисен простор. Дури по третиот обид успеал да го хомологира возилото и да го регистрира.

Извор: 24sata.hr

Следете не и на:

24AUTO NETWORK