Renault ги остава возачите без работа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault го претстви своето концепциско решение  на проблемите за снабдување во таканаречениот „последен километар“ односно на мали растојанија.

Се работи за платформата EZ-PRO, која се состои од водечката автономна капсула, која ги повлекува другите беспилотни товарни вагони. На тој начин производителот гледа кон иднината на логистичките оператори и курирските услуги.

Главната капсула е опремена со совозачко седиште, а пристапот до него е преку вратата од предниот дел на машината. Таму се наоѓа и системот, кој одговара за пласнирањето на маршрутата, контрола на временските рокови за испорака и опслужување на другите беспилотни вагони.

Во Renault се на мислење дека полната автоматизација на логистичките процеси немад а може да биде постигната во блиско време и затоа засега човекот си останува во центарот на транспортната дејност. Според она што е познато во овој случај човекот нема да биде шофер туку само ќе го контролира процесот и ќе го обезбедува товарањето и истоварањето на пратките.

Флотата на беспилотни машини ќе може да се движи како во колона, така и со целосна независност на вагоните еден од друг. Товарните машини ќе можат да бидат контролирани со помош на смартфоните, што ќе им овозможи брзо да се пренасочат кон нова задача после исполнувањето на претходната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK