Регистерска табличка се продава за милионска сума

ОБЈАВЕНО НА:

Афал Кан, сопственикот на британското тјунинг студио Kahn Design ја понуди на продажба својата регистарска табличка “Ф1”. Цената на овој број е милионска, и апсурдна – 14.412.093 фунти (околу 16 милиони евра).

Кан ја купил регистрацијата во 2008 година за 440.000 фунти од Есекс. Дотогаша беше ставен на моделот Volvo S80 од страна на претседавачот на округот Есекс. Бројот “Ф1” се користи во Велика Британија 109 години кога е регистриран првиот автомобил со оваа ознака.

Во моментот регистрацијата е поставена на еден од автомобилите на Канг – Bugatti Veyron Super Sport Carbon Edition. Во 2014 година, тој ја одби понудата да ја продаде регистрацијата за 8.500.000 фунти.

Британскиот рекорд за најскапата регистарска таблички припаѓа на комбинацијата “25 O”. Во 2014 година бројот беше купен за 518.480 фунти за да биде ставен на класичниот Ferrari 250 GT SWB.

Но, апсолутниот светски рекорд има арапска адреса. Во 2016 година знакот “1” го смени својот сопственик за 5.000.000 долари. Неколку години порано, истиот број бил продаден за 14.500.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK