Познато е кој електричен автомобил е шампион во автономија на движење

ОБЈАВЕНО НА:

Американска EPA во своето последно тестирање објави кој електричен автомобил може најмногу да мине со едно полнење. Според последните тестирања моделот кој има 100 kWh батериски сет, и е со ознака 100D а е од компанијата Tesla постави нов рекорд. Автономијата на ова возило со едно полнење е 539 км. Тоа му успеа на моделот Tesla Model S.

Со овие резултати Model S веќе сега има подобри перформанси од многу возила на конвенционално гориво, а сигурно е дека се приближува и до многу сериозни брендови. Во комбиниран режин на движење веќе минува над 530 км. што и за некои возила на конвенционално гориво е големо растојание.

Резултатите што ги објавува EPA се многу реални и автономијата многу често е и поголема од фабрички декларираната. Според New European Driving Cycle (NEDC) овие 539 км. би надминале над 700 км.. Сепак треба да се почека прво NEDC да ги објави резултатите.

Tesla Model S 100 D има и доста импресивни податоци, па забрзува до 100 км/ч. за 4,3 секунди. Најголемиот проблем е што автомобилот со основната опрема чини 92.500 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK