Полицијата со „текстометар“ ќе утврдува дали сте виновни за сообраќајка

ОБЈАВЕНО НА:

Пратениците во американската држава Њујорк размислуваат да донесат закон за употреба на апарат што би проверувал дали возачот додека го управува возилото испраќа и прима телефонски пораки. Тоа би бил нов вид на војна против користењето на мобилните телефони во сообраќајот.

Законот би им овозможил на тн. „текстометари“, што би била справа што личи на алкометар, само за СМС и со помош на таа справа да се утврди дали возачот користи или до допирал мобилниот телефон непосредно пред предизвикувањето на сообраќајна несреќа.

Слични закони се размислува да бидат донесени и во Њу Џерси, Тенеси и Чикаго.

Но, стручњаците за уставни прашања и активистите за заштита на приватноста предупредуваат дека полицијата мора да има согласност од возачот за да може да пристапи до податоците во нивниот мобилен телефон.
Исто така се изразува загриженост дека таков уред би можел да пристапи до сит елични податоци што луѓето ги чуваат во своите мобилни телефони.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK