Полицијата со необележани камиони ќе лови престапници на патиштата (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна идеја на полицијата во однос на ловењето на возачите што прават сообраќајни престапи на патиштата. Со необележани камиони ќе ги снимаат прекршителите, а друга екипа ќе ги сопира и казнува. За среќа, ова засега ќе го применува полицијата во В.Британија. Кај нас е далеку од реализација, и ако видите камион што е зад вас или сака да ве престигне немојте да паничите.

Веќе има флота на необележани полициски камиони што се опремени со широкоаголни камери. Одлуката за користење на вакви камиони била донесена откако се утврдило дека само со помош на еден вакво камион што бил поврзан со 28 полициски патроли, биле санкционирани преку 4.000 возачи. И тоа во период од две години. Преведено во пари, тоа се милионски суми, во зависност од прекршокот.

Речиси две третини користеле мобилен телефон при возењето, вклучувајќи и еден што пратил дури 10 СМС пораки во еден час. Еден возач бил снимен како со колената го управува воланот е тој руча.

Со цел да се зголеми безбедноста на патиштата полицијата решила да купи нови камиони со кои ќе се обиде да ги одвикне возачите од нивните лоши навики.

Ако речите да возите по англиските патишта внимавајте нан камионите што се зада вас или сакате да ги престигнете. Некој може да снима.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK