Почна производството на првиот off-road автобус

ОБЈАВЕНО НА:

Во Словенија започна со производство на првиот off-road автобус во светот. Украинската компанија Pulsar Expro го започна производството во својата словенечка фабрика, а досега се произведени осум примероци.

За идејата за производство на off-road автобуси стојат Вахтанг Џукашвили и Јулија Хомич. Како што и самите кажуваат, оваа идеја едноставно произлегла од потребата на пазарот. А во моментов off-road возилата се многу популарни, а за оваа инвенција брендирана под името Torsus Praetorian  веќе има над 100тина нарачки од 10тина земји.

Најголем дел од техниката вклучувајќи мотор, менувач, шасија, кочници и други компоненти, Torsus Praetorian ја има поѕајмено од МАN додека останатите делови се произведени во земјите од Европската Унија и САД. Во Словенија се спроведува само монтажата.

Според официјалните информации, Torsus Praetorian располага со седишта за максимум 35 патници, а овој автобус го придвижува шест цилиндричен дизел мотор со 240 КС.

Почетната цена за еден ваков автобус изнесува околу 100 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK