Peugeot со одлична реклама за 508 – снимена на аеродромот вo бивша СФРЈ

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Peugeot на својот официјален YouTube канал ја претстави најновата реклама за моделот 508 снимена на напуштениот аеродром Жељава лоциран на самата граница помеѓу Босна и Херцеговина и Хрватска.

Сценариото колку едноставно толку и фантастично. За реализација на истото главна улога имаше познатиот композитор и пијанист Riopy, кој на патеката го создаде најголемиот нотен запис составен од 190 ноти распостранети на 1.890 метри во должина.

При тоа, два автомобили од новиот 508 движејќи се низ напуштената аеродромска писта на т.н. подземен аеродром Жељава, на која се исцртани бројни ноти, продуцираа одлична мелодија. Со ова 508 стана првиот автомобил кој интерпретираше компонирано музичко дело, и тоа на најголемиот нотен запис во светот.

Оваа рекламата е креирана од страна на француската рекламна компанија BETC која важи за една од најдобрите во светот. Покрај за Peugeot, оваа компанија има создадено бројни реклами и комуникациски кампањи за McDonald’s, Mondelez, Air France, Evian, Lacoste, L’Oreal, Disneyland Paris, Samsung, Bacardi, Mercedes и бројни други национални и светски брендови.

Инаку во реализацијата на овој проект покрај претставници на францускиот производител учествувале и бројни инженери, техничари, музичари, сценаристи. Иако нема официјална потврда, се претпоставува дека оваа кампања го чинеше францускиот производител неколку милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK