Овој град чести пиво и сладолед ако не возите автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку одлучите да патувате со „зелен“ транспорт ова може да ви донесе одредени бонуси кои ви ги доделуваат бесплатно. Ако решите да го оставите вашиот автомобил и се возите со превозно средство кое не ја загадува околината тогаш добивате бесплатно пиво, сладолед или влезници за кино.

Ова е реалност која веќе се случува во Болоња во Италија, каде се спроведува специјална шема за наградување на луѓето, кои одлучуваат да не ги возат своите автомобили и низ градот се движат со алтернативен транспорт. Одат пеш, со велосипед или со јавен транспорт.

Иницијативата е наречена Bella Mossa (Добра работа) и е предложена во 2017 година од страна на Марко Амадори, кој е специјалист за градско планирање со цел патувањето да се направи попривлечно.

За да се направи сето ова има процедура која треба да биде спроведена.Прво секој граѓанин треба да ја симне на својот телефон апликацијата Better Points.

После ова треба да ги регистрира своите „зелени“ начини на движење низ градот. На тој начин ќе собира поени, кои после може да ги претвори во различни бонуси. Над 100 локални бизниси се вклучени во системот со бонуси, делејќи ваучери за попуст при пазарење. Граѓаните дури можат и да се натпреваруваат меѓусебе за да освојуваат повеќе бонуси од другите.

Системот за освојување на поени не се базира на времетраењето на патување, туку на бројот на патувања, кои ќе бидат регистрирани. Специјалниот GPS уред ќе го следи движењето на учесниците за да бидат сигурни дека нема да мамат.

Апликацијата исто така ќе покажува колку CO2 „заштедувате”, доколку се откажете од движењето со вашето возило. Секој учесник може да регистрира до четири патувања во еден ден.

Средно осум патувања даваат 3000 поени, кои се еднакви на еден бесплатен сладолед во локалната слаткарница. Иницијативата е активна само шест месеци во годината и е финансирана од Европската унија и локалните власти во Болоња.

Минатата година преку апликацијата се регистрирани 3,7 милиони километри патување. Граѓаните добиле над 16.000 ваучери за награди и за попуст при пазарење. Во првите три месеци од годинешната иницијатива се приклучиле повеќе од 10.000 лица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK