Oвие 7 автомобили се вистински трансформери (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако пред 10-тина години претворањето на автомобилите во нова форма т.е. друг објект беше карактеристично само за цртаните филмови односно Трансформери, денес, трансформирањето на возилата во најразлични фигури е сосема нормално.

Група на ентузијасти составена од инжинери, механичари и други професии, а пред се и вљубеници во автомобилизмот, од различни делови на светот создадоа автомобили кои се трансформираат, а при тоа самата глетка е за неверување.

И навистина е така. Ако го погледнеме следното видео тогаш навистина е неверојатно како од едно обично BMW за само неколку секунди добиваме робот, од еден автомобил добиваме солидно летало или како од едно VW комби добиваме простран простор за престој.

Oва само покажува и докажува дека првичната улога на автомобилите која се огледала исклучиво во превозот полека, но сигурно се напушта и денес, благодарение на напредната технологија, автомобилите се повеќе од само едно обично средство за превоз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK