Ова се 15. работи за BMW што сигурно не сте ги знаеле

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се спомене BMW веднаш се асоцира на луксузен, спортски бренд и возила кои го привлекуваат вниманието на секој човек додека истите минуваат покрај вас на улица. Многумина знаат доста за историјата на BMW, но веројатно и дел од работите за BMW ќе бидат изненадување и за вас кога ќе ги прочитате или чуете.

Дали знаете дека BMW произведувале мотори за германската авијација во Првата светска војна? По Версајскиот договор морале да се преорентираат на друга работа, па почнале да прават мотоцикли.

Дали знаете што значи логото на BMW И како е истото создадено? BMW први го произвеле најбрзиот мотоцикл на светот, и тоа во 1937 година.

Сега е време кога во мода се електричните возила, но BMW уште во 1972 година го произвеле првиот целосно електричен автомобил. Тоа било во време на Олимпијадата во Минхен која заврши со жртви, па овој проект остана во втор план.

Компанијата исто така дизајнира и внатрешност на возови и авиони. Тие имаат дизaјнирано и цела внатрешност за авион на Сингапур Еарлајн.

Во 50-тите години од минатиот век, BMW за малку ќе банкротираше и постоеше шанса да премине во Mercedes. Сите делови во возилата на BMW се компатибилни со другите нивни возила, па без проблем може да се користат.

Во видеото ќе ги видите сите 15 работи за BMW што малкумина ги знаат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK