Отворен првиот соларен пат

ОБЈАВЕНО НА:

Во Нормандија, Франција е отворен првиот соларен пат во светот. Тој е долг 1 километар, и всушност е јавен пат поплочен со соларни панели. Овие 2.800 квадратни метри со панели би требало да произведат доволно електрична енергија за напојување на целата јавна расветал во тоа место, кое патем има околу 3.400 жители.

Целиот проект на соларениот пат чинел околу 5 милиони евра, а развојот и изградбат атраеле вкупно 5 години. Соларните панели се производство на француската компанија Colas и доволно се цврсти за да издржат оптоварување од околу 2.000 возила на ден.

Панелите се обложени со смола која се состои од листови на силикон и дизјанирани се да издржат товар од возилата, а да не се оштетат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK