Од болид на улица: Десет возила со мотори од Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Формула 1 покрај тоа што е најбрзиот шампионат во светот на некој начин е и лабораторија за истражување на технологија која подоцна се имплементира во конвенционалните автомобили. Напредните решенија од „Ф1-циркузот“ порано или подоцна ќе завршат во сериски модели. Во некои случаи, транзицијата не е така „течна“, а еве и како се родени некои од најекстремните автомобили.

Листата е сочинета од десет модели кои на некој начин се поврзани со Ф1-болидите. Последниот веројатно е и најдобар пример бидејќи поседува адаптиран погонски систем од болидите на Mercedes кога возеа Луис Хамилтон и Нико Розберг.

Што се однесува до другите, некои веќе станаа расни суперавтомобили.

Alfa Romeo 164 ProCar

Оваа специјална 164-ка, е создадена во осумдесетите години на минатиот век. Беше наменета за натпреварување во Formula S, паралелна серија со Formula 1, инспирирана од успешното BMW M1 од Procar серијата.

Под хаубата оваа Alfa Romeo имаше мотор кој беше развиен за Ligier F1 тимот, а се работеше за атмосферски V10 со преку 600 коњски сили, кој обезбедуваше забрзување до 100 км/ч за помалку од 2,5 секунди.

BMW M5 E60

За многумина, најдобриот М5 досега. Во BMW не успеаја да дојдат до титула во ерата од 2000 и 2009 година кога соработуваа со Williams и Sauber, но тоа беше прилично плоден период.

Резултатите се гледаа во фанстастичниот BMW M5 E60 од 2006 година со V10 мотор, кој беше дериват на машината која се користеше на трките. Со 507 коњски сили е послаб од подоцнежните М „петки“, но во однос на уживање во возењето пред се кога се мисли на моторот, тешко дека можат да му парираат. Забрзувањето до стотка е за 4,5 секунди.

Ferrari Dino 206 GT

Ова Ferrari е посебен случај и поради тоа заслужуа да се најде на оваа листа. Иако далеку од тоа дека ги користеше услугите на Ф1-моторот како претходно наведените модели, сепак, Dino 206 GT го користеше агрегатот кој беше погон на болидите на Ferrari во Formula 2 во 1968 година.

Се работи за V6 атмосферски мотор со работна зафатнина од 2.0-литри со 180 коњски сили.

Ferrari F50

Креиран е во чест на педесет годишнината на култниот италијански бренд. Тој е нешто најблиско до болид на Формула 1 што од Ferrari беше ставено во сериско производство.

Моторот со фантастичен звук беше 4,7-литарски V12 со 520 коњски сили. Беше дериват на агрегатот кој Scuderia го користеше во Формула 1 во текот на сезоната 1989 со Најџел Менсел и Герхард Бергер во поставата.

Од ова возило се произведени само 349 примероци.

Ford Transit Supervan 2

На листата не е Transit Supervan 1 од 1971 бидејќи технички не ги задоволува критериумите на оваа листа. Место Ф1 мотор, погонот е со агрегат инспириран од победникот на 24 часа Ле Ман, Ford GT40.

Меѓутоа, неговиот наследник од 1984 користеше услуги на Coswort 3,9 DFL, кој беше варијација на тема од DFV единицата од Формула 1, која достигнуваше речиси 600 коњски сили. Со оглед на тоа, не е чудно што ова комби може да вози и со преку 300 км/ч.

Ford Transit Supervan 3

Финален производ на најбризиот Transit досега светлоста на денот ја виде во 1994 година. Таа сезона Ford го снабдуваше со мотори Benetton F1 тимот со Михаел Шумахер. Таа година ја освоија и шампионската титула.

Немаше подобра реклама за Coswort V8 со 730 коњски сили, заедно со шестстепен секвенцијален менувач. Во моментов ова возило се наоѓа во музеј, но со поевтиниот V6 мотор „полесен“ за одржување.

Mercedes-AMG Project ONE

Хибридната ера во Формула 1 почна во 2014 година и тоа со доминацијата на Mercedes-AMG со три титули кои ги освои Луис Хамилтон и едната на Нико Розберг. Секако, тимот освои и четири наслови во конкуренција на конструктори.

За да го прослави овој историски успех компанијата во 2017 година во Франкфурт го претстави хиперспортскиот автомобил со хибриден погонски систем инсписиран од оние кои ги движат болидите на Mercedes во Формула 1. Се работи за 1,6-литарски V6 мотор сличен на оние во тркачкиот автомобил, со поддршка во вид на четири електромотори.

Porsche Carrera GT

Овој автомобил е типичен пример како може да се извлече корист од катастрофални ситуации.

Во 1991 година Porsche разви V12 мотор со F1 Footwork Arrows тимот. Сепак, проектот беше проблематичен од секој можен аспект. Имаше проблеми со дизајнот, кочниците, лоши резултати… Сето тоа донесе до тоа тимот да се сврти кон проверениот Coswort после шест трки во шампионатот.

Сепак, Porsche профитираше така што креираше V10 мотор за следната сезона, но никогаш не го искористи за потребите на натпреварувањето. Место тоа, го користеше на 24 часа Ле Ман на крајот од деведесеттите, како и за потребите на серискиот модел 2004 Carrera GT.

Renault Espace F1 Concept

За да ја прослави десетгодишнината на Espace, Renault одлучи да го креира прототипот и тоа во соработка со Mazda. Секако, овој модел стана најбрзиот миниван на светот.

Донатор беше Williams-Renault FW15C, шампионскиот болид од 1993 година, кој го донесе V10 моторот со 820 коњски сили. Во комбинација со лесна каросерија од јаглеродни влакна, овој моноволумен можеше да достигне 312 км/ч и да забрза до стотка за само 2,8 секунди.

Yamaha ox99-11

Јапонскиот произведувач на мотори снабдуваше неколку тимови на крајот на осумдесетите и почетокот на деведесеттите години. Тоа беа: Zakspeed, Tyrrel, Arrows, Jordan i Brabham.

Собраното искуство е искористено за OX99 V12 3,5-литарскиот мотор, кој се најде во ox99-11, интересниот проект кој е напуштен од економски причини. Навистина штета бидејќи овој лесен спортски автомобил, кој располагаше со преку 400 коњски сили.